Неуспех на белгисите преговори за ЦЕТА договорот, средбата во Брисел нема да се одржи

Белгиските регионални и федерални власти не постигнаа успех во преговорите за потпишување на трговскиот договор меѓу ЕУ и Канада, јавија локалните медиуми.
Преговорите започнаа во вторникот и продолжија до доцна во ноќта.
Учесниците соопштија за постигнатиот напредок, но не и за окончување на договорот.
Средбата на ЕУ и Канада во Брисел, која беше планирана за денеска, неофицијално е откажана, а синоќа канадските власти соопштија дека премиерот Џастин Трудо останува во Отава.
- Канада е подготвена да го потпише овој важен договор, кога Европа ќе биде подготвена, изјави Алекс Лоренс, портпарол на канадското Министерство за меѓународната трговија.
Премиерот Џастин Трудо се очекуваше да полета синоќа за Брисел, за да стави потпис под договорот за слободна трговија, но неговото патување засега е одложено поради неспособноста на Белгија да постигне компромис меѓу регионите и провинциите.
Ново на Сител
-

Масовните протести во Иран продолжуваат
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

75 годишна жена почина - Возачот побегнал откако ја прегазил во центарот во Скопје
-

Филипче не се откажува од техничка Влада, Мицкоски пак, не се откажува од лидерска средба
-

Обвинителката Ленче Ристоска бара извинување од премиерот Мицкоски, од Влада велат дека се зачудени
-

Во недела ќе се бира градоначалник во четири општини
-

На располагање сите човечки и материјални ресурси
