„НетПрес: Внатрешна пресметка меѓу хулиганите на СДСМ во Битола

Вечерва на протестот на граѓанското движење „Протестирам“ во Битола дошло до инцидент кога учесници во протестите се степале меѓусебе, пишува НетПрес.
-Како што ни јавуваат наши читатели од Битола, за време на протестот дошло до пресметка помеѓу членовите на партиското обезбедуање на СДСМ Битола. Неофицијално, учесници во тепачката се М.Д., В.Б. и В.А, објавува Нетпрес.
Понатаму, како што неофицијално дознава порталот, работата стасала до централата на СДСМ од каде добиле наредба да не пријавуваат во полиција за да не се рашири срамот.
Исто така, дел од битолчани веќе споделуваат статуси на социјалните мрежи во кои говорат за вечерашната пресметка помеѓу хулиганите на СДСМ во Битола.

Се шпекулира за различни мотиви. Според едни извори, најверојатна причина за тепачката се парите кои биле делени на протестите. Според други станува збор за внатрепартиски конфликт околу влијанијата во битолскиот огранок. Според трети поради премногу алкохол дошло до несогласување бидејќи дел од лицата го оспорувале авторитетот на Заев.
За пресметката помеѓу хулиганите на СДСМ во Битола пишува и локалниот портал „Шеталиште“.
-На денешниот протест пред општинската зграда се случи инцидент кога двајца од демонстрантите започнаа вербално да се расправаат, за подоцна нивната расправија да прерасне во физичка пресметка. По реакцијата на голем број од граѓаните кои протестираа и интервенција на полицијата случајот беше расчистен без никакви повреди, пишува порталот.
Ново на Сител
-

Пиштол вперен кон сопругата, нападната ќерка - тројца мажи уапсени за семејно насилство
-

САД и Израел ги интензивираат нападите врз Иран, војната влегува во седмиот ден
-

Околу 800 Македонци побарале да се вратат дома од погодените земји
-

Нема потреба од паника, залихи на нафта има доволно
-

Документ на ЦИА за Киро Глигоров ги разбуди партиите за името
-

Клучни членки на ЕУ се против предлогот за прием на нови држави без право на глас?
-

Секој пациент ќе има електронско досие - нема веќе хартии во папка
-

Укината забраната за пиење на водата во Струга
