Нето платата во октомври 22.213 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во октомври 2015 година во Македонија изнесувала 22.213 денари, што е зголемување за 2,3 отсто во однос на истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.
Зголемувањето на нето платата се должи, пред се, на зголемувањето во секторите: Уметност, забава и рекреација (34.2%), Административни и помошни услужни дејности (9,3 отсо) и Други услужни дејности (8,3 проценти).
Зголемување на просечната месечна нето-плата во однос на септември годинава е забележано и во секторите: Градежништво (3,6 отсто), Рударство и вадење на камен (3,6 отсто) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3,1 отсто).
Бруто платата во октомври годинава била 32.597 денари што е или 2,4 отсто повеќе од октомври 2014-та.
Во октомври 2015 година, 1,2 отсто од вработените во Македонија не примиле плата.
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста