Нетанјаху во разговор со Трамп: Ќе носиме одлуки во наш национален интерес

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху разговарал со поранешниот американски претседател Доналд Трамп, објави вчера Кабинетот на премиерот.
-Премиерот Нетанјаху го повтори она што веќе го кажа јавно: Израел ги зема предвид прашањата покренати од американската администрација, но на крајот ќе донесе одлуки врз основа на своите национални интереси, соопшти канцеларијата.
Трамп, републиканскиот претседателски кандидат, подоцна им рече на новинарите во Филаделфија дека имал „многу убав разговор“ со Нетанјаху во саботата.
Тој посочи дека израелскиот лидер го прашал за мислење што да прави во врска со Иран. -Тој ме праша што мислам. И јас само реков, направи го тоа што мораш, рече Трамп.
Израел ја разгледува својата воена реакција на неодамнешните ирански ракетни напади.
Ново на Сител
-

Тема на денот со г. Георгиј, митрополит Дебарско-кичевски
-

Гориво со попуст за граѓаните се извезувало во странство?!
-

Грција привремено го суспендираше системот ЕЕС
-

Уште 3.000 граѓани заминале за Грција
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања кој ја блокира ЕУ агендата
-

СДСМ бара истрага за унгарскиот кредит
-

Нападот врз синагогата во Скопје бил внимателно планиран
-

Лекари од Македонија кои работат во странство преку телемедицина ќе лекуваат пациенти во земјава
