Нетанјаху вети дека ќе ги врати сите заложници од Појасот Газа
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа вети дека ќе ги врати сите заложници – „и живи и мртви“ – од Појасот Газа, но не се осврна на американскиот предлог за прекин на огнот што претходно го спомена Хамас.
- Ако не можеме денеска, ќе го направиме утре, а ако не утре – задутре. Нема да се откажеме. Решени сме да ги вратиме сите – живите и мртвите, изјави Нетанјаху на говор по повод одбележувањето на „Денот на Ерусалим“.
- Нашата мисија – победа во војната, вклучувајќи ја и задачата да ги вратиме заложниците – е со нас секој ден и секоја ноќ. И вечерва, и нема да се откажеме од неа, додаде тој.
Претходно во текот на денот, во видео обраќање на неговиот канал на „Телеграм“, Нетанјаху рече дека „се надева“ оти ќе може да даде изјава поврзана со заложниците „денеска или утре“, без да открие дополнителни детали.
Ново на Сител
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Тема на денот со Изет Меџити
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Детската болница Козле остана без вода
-
Недостигот на вода во делови од Скопје главна тема на седницата на советот
-
Одложено рочиштето за Штекли, бил неконтактибилен и дезориентиран
-
Осомничената очна докторка од Битола барала 100 евра за да направи операција на перде на пациентка од Ресен
-
Мицкоски: Нема потреба од лидерска средба