Нетанјаху: Сега имаме одлична можност да шириме мир во регионот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека исходот од војната со Иран претставува можност за мир што неговата земја не треба да ја пропушти.
Нетанјаху во соопштението рече дека „оваа победа претставува можност драматично да се прошират мировните договори. „Работиме на тоа со ентузијазам“, нагласи тој.
-Со ослободувањето на заложниците и поразот на Хамас, постои можност што не смее да се пропушти. Не смееме да изгубиме ниту еден ден, рече Нетанјаху.
Порано во текот на денот, весникот „Израел Хајом“, повикувајќи се на неименуван извор, објави дека Нетанјаху и американскиот претседател Доналд Трамп се согласиле во телефонски разговор оваа недела брзо да ја завршат војната во Газа, евентуално во рок од две недели.
„Израел Хајом“ изјави дека договорот би можел да вклучува проширување на „Аврамските договори“ со арапските соседи на Израел за да ги вклучи Саудиска Арабија и Сирија.
Со „Аврамскиот договор“, потписниците се согласуваат да го одржуваат и зајакнуваат мирот на Блискиот Исток, да работат на меѓусебно почитување и одржување на дијалог, почитувајќи ги различните религии.
Канцеларијата на премиерот одби да коментира за извештајот на „Израел Хајом“.
Примирјето меѓу Израел и Иран, посредувано од САД и објавено од Трамп, ги зголеми надежите кај Палестинците за крај на повеќе од 20-месечната војна во Појасот Газа, која во голема мера ја уништи територијата и ги расели повеќето жители.
Во неделата, Нетанјаху рече дека сега кога Иран ослабе, се очекува повеќе земји да се приклучат на „Аврамските договори“.
Ново на Сител
-

Зеленски: Американскиот документ за безбедносни гаранции за Украина е подготвен
-

СВР Битола поднесе кривична пријава за измама со лажна сообраќајна несреќа
-

Повеќе од 700.000 домови без струја поради снежно невреме во САД
-

Mалолетник со возило удрил во друго возило и пешак кој се бори за живот
-

ССМ со протест бара зголемување на работничките плати од најмалку 6.000 денари и минималец од 600 евра
-

Премиерот Рама и порача на албанската опозиција: Државата не потклекнува пред насилството и вандализмот
-

Ѓоковиќ без борба четвртфиналист на Австралија опен
-

Мицотакис: Европа мора да биде обединета, да ги брани меѓународното право и суверенитетот на земјите-членки
