Нетанјаху побара помилување од претседателот Херцог во судењето за корупција

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој се соочува со судење по обвинение за корупција, официјално побара од претседателот Исак Херцог помилување, откри денеска канцеларијата на Херцог, пренесе ДПА.
Писмата се примени и од Нетанјаху и од неговиот адвокат, соопшти претседателската канцеларија. Барањето сега ќе биде проследено до надлежниот оддел на Министерството за правда, кој ќе собере мислења од сите надлежни органи, соопшти канцеларијата.
Тимот за правни совети на Херцог потоа ќе донесе мислење.
„Канцеларијата на претседателот е свесна дека ова е вонредно барање кое носи значајни импликации. Откако ќе ги добие сите релевантни мислења, претседателот одговорно и искрено ќе го разгледа барањето“, соопшти канцеларијата на Херцог.
Кон средината на ноември, канцеларијата на Херцог објави писмо од американскиот претседател Доналд Трамп во кое повикува на помилување. Трамп напиша дека иако ја почитува независноста на израелските судови, верува дека обвиненијата против премиерот се политички мотивирани и неоправдани, потсети германската агенција.
Кога се обрати пред израелскиот Парламент во средината на октомври, Трамп го повика Херцог да го помилува Нетанјаху.
Судењето на Нетанјаху трае повеќе од пет години. Тој е обвинет за прифаќање луксузни подароци – накит, пури и розов шампањ – во вредност од околу 174.000 евра (201.300 американски долари) од милијардери-соработници.
Нетанјаху постојано ги негира сите обвиненија, нарекувајќи го случајот „лов на вештерки“, потсетува ДПА.
МИА
Ново на Сител
-

Бројот на смртни случаи од ебола во Конго надминува 5.000
-

Лавров по состанокот на Г20 во Атланта : Нема подобрување на односите меѓу Русија и САД
-

Утре втор круг од изборите за градоначалник во Брвеница, денеска гласаат болните
-

Облачно со повремени локални врнежи од дожд
-

Денеска се празнува Светиот апостол и евангелист Лука
-

Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата за работа на АЛТА банка
-

Се бара нов 48-часовен притвор за четворицата осомничени за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче
-

ДИК на седница усвои барање за акредитација за набљудувачи на изборите во Брвеница
