-->
-->
Несторовска се сретна со раководителот на Европскиот центар за борба против криумчарење мигранти
-->
- Државниот секретар во МВР, Магдалена Несторовска денеска се сретна со раководителот на Европскиот центар за борба против криумчарење мигранти. Роберт Црепинко.МВР соопшти дека по средбата тие ја посетиле новофомираната Национална единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе на Република Македонија и Секторот за меѓународна полициска соработка. Црепинко ја поздравил одлуката за формирање Национална единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе и изразил подготвеност за натамошна соработка.
Исто така било дискутирано за трговијата со луѓе и илегална миграција во Република Македонија од аспект на поддршка и вклучување на Европол, согласно можностите кои ги има на располагање, како и организирање прилагодени обуки, со цел изработка на аналитички продукти слични на оние кои ги изработува Европол EMSC и дискутирање на идни можности за соработка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Филипче со петиција против мигранти - Мицкоски уверува додека е премиер Македонија нема да прима мигранти
-

Владата усвои предлог за разрешување на обвинителот Коцевски
-

Анкетна комисија за ,,Пулс"
-

Владата го усвои предлогот за разрешување на Коцевски
-

За власта развоен, за опозицијата нереален буџет кој мириса на предвремени избори
-

4% инфлација во ноември: Храната и пијалоците за една година поскапеле за 5,4%
-

Башким Бесими нов претседател на СЈО
-

Транспаренси интернешнл: Македонија е далеку под 50-те земји кои гарантираат борба со корупција
