-->
-->
Несреќен пораз на Работнички на гостувањето кај Јелгава
-->

Фудбалерите на Работнички се поразени со 1:0 од Јелгава во првиот меч од 2-то квалификациско коло за Лига Европа.
Иако „Романтичарите’’ беа оние кои ја контролираа играта и беа поконкретни во текот на целиот меч, сепак едно мало невнимание ги чинеше пораз.
Така на три минути пред крајот на средбата (87), заспаноста на одбраната на Работнички по уфрлениот аут од левата страна ја искористи Кјушкинс кој и донесе победа на летонската екипа од еден гол.
Сепак, прикажаното на овој меч влева надеж дека „Романтичарите’’ како и во првото коло, ќе може да ја надополнат негативата и да минат во следната рунда.
Реванш дуелот ќе се игра следниот четврток (23 јули) на арената „Филип Втори’’ во Скопје со почеток од 20 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Американските акции паѓаат поради раст на инфлација, цените на нафтата се намалуваат
-

Бројот потврдени случаи на ебола во Конго надмина 11 илјади, досега починати 5.387 лица
-

Променливо облачно со повремени сончеви периоди
-

Битолчанец не се отрезнил два дена, го фатиле со 3,23 промили па за 30 часа со 3,50 промили алкохол во крвта
-

Муцунски ја отвори Амбасадата на Република Северна Македонија во Вилнус: Ново поглавје во односите со Литванија
-

Сиљановска-Давкова: ЕУ треба да го забрза проширувањето и заради сопствената безбедност
-

Серафимовски: Малите семејни винарии заслужено го привлекуваат вниманието кон потенцијалот и квалитетот на македонското вино
-

Владата бара итно мислење од Венециската комисија за предложениот модел на правосудниот испит
