Ракомет
11. October 2015 - 17:31

Несреќен пораз на Металург на гостувањето кај Скјерн

 
Ракометарите на Металург одигра храбро на гостувањето кај Скјерн, но избраниците на Лино Червар, со гол во последната секунда, го загубија мечот со данскиот вицешампион со минимални 20-19. 
 
Иако Металург го доби првиот дел со два гола разлика (10-8), а во второто полувреме имаше и највисоки три гола предност (130-10), која ја одржуваше се до 48-минута, сепак во завршницата како да снема сили. Данскиот тим ја искористи ситуацијата и со 4-тиот гол на Јоргенсен во последната секунда стигна и до победа.
 
Божовиќ со 11 гола беше најефикасен во редовите на Металург, но и на натпреварот. Покрај него за тимот од Автокоманда голови постигнаа и: Матиќ 4, Костески 3 и Кузмановски 1. 
 
Со овој триумф Скјерн остана сам на врвот на табелата во Д група со 6 бодови, додека металуг за кого ова беше втор пораз останува на 4 бода.