-->
-->
Несреќа во Австрија: Босанец паднал во базен што вриел со цинк
-->

Страшна несреќа се случила во саботата наутро во австрискиот град Линц, кога 49-годишен маж паднал во топол базен со цинк и сега е во животна опасност.
Во несреќата тешко е повреден државјанин на БиХ, кој со спасувачки хеликоптер е префрлен во Виена.
Граѓанин на Босна и Херцеговина работел на демонтирање на топла поцинкувана постројка на компанија од Линц. Се наоѓал на импровизирано скеле кога наеднаш од непозната причина изгубил рамнотежа.
Несреќниот човек паднал во два метри длабок и 450 степени топол базен со цинк и потонал до колковите.
Други работници скокнале да помогнат, го извлекле и повикале брза помош. Тој е пренесен во Виенската општа болница (АХХ) со повреди опасни по живот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Утре во 11 часот собраниска седница за заемот од 260 милиони евра
-

Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и вицепремиер
-

Односите меѓу Кина и Русија во нова фаза на побрз развој; Путин: Нашето партнерство е за пример
-

Устен демарш за амбасадорот на Албанија во Македонија
-

ЕУ одобри 65,7 милиони евра од планот за раст на Македонија
-

Уставни измени и реформи за забрзување на патот кон ЕУ
-

ОЈО ГОКК води предистрага за можна шпионажа во кабинетот на Претседателката Сиљановска Давкова
-

Кругови со оган, факели, прскалки и пиротехника низ годините се користеле во „Пулс“
