Македонија
19. October 2023 - 16:46

Несреќа на роденденска забава во Скопје: Малолетничка си ја изгорела десната рака

МВР денеска извести дека вчера во 10 Б.Т.(45) од Скопје пријавил дека ден претходно во игротека во скопско, на прослава на роденден на неговиот малолетен син, неговата малолетна ќерка се фатила за една од цевките во објектот, при што се здобила со изгореница на десната рака од струен удар.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.