Несреќа на булеварот Борис Трајковски - повредени три лица
Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера на булеварот Борис Трајковски, повредени три лица. Како што стои во билтенот на МВР, вчера во 18:30 часот било пријавено дека на крстосницата од булевар „Борис Трајковски“ и булевар „Србија“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Рено 5“ со скопски регистерски ознаки, управувано од Г.Г.(69) од Скопје, и патничко моторно возило „Мазда 323“ со скопски регистерски ознаки, управувано од Т.Ц.(51) од Скопје.
По незгодата со возило на Итна медицинска помош сопатничката од возилото Ј.Г.(65) од Скопје била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Возачот Г.Г. и сопатничката од другото возило Л.Ц.(48) се здобиле со телесни повреди констатирани од страна на лекар во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“.
Извршен е увид на местото на настанот.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Mаѓар не мислеше на Mакедонија
-

Нови комунални возила
-

Избран изведувач за затворање на депонијата Буково
-

Пожарот во лакавичко изгаснат, но остануваат последиците
-

Преглед на вестите од светот
-

Капитол Мол донираше детски парк со реквизити на 1000 метри квадратни
-

Преглед на вестите од светот
