-->
-->
Несреќа кај Делчево - маж со тешки повреди итно пренесен на скопските клиники
-->
Несреќа на локалниот пат Габрово - Делчево, маж тешко повреден со Брза помош итно пренесен на скопските клиники. Како што информираат од полицијата, вчера во 08.30 часот на локалниот пат село Габрово-Делчево, патничко возило ,,Пежо 206“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.(59) од село Габрово, изгубило контрола, удрило во брегот од десната страна на патот и се превртел на кровот. Притоа, возачот Б.Ј. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил префрлен во Медицинскиот центар Кочани и по укажаната помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Делчево.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нов случај на врсничко насилство, прободено 12 годишно момче
-

Пожарите изгаснати, штетите огромни
-

Расправа за ребалансот
-

Над 5.000 граѓани се пријавиле за мерката самовработување, во Прилеп досега пријавени 316
-

Трамп со пораки од Маунт Рашмор
-

Инспекцијата утврдила повисоки маржи во дел од маркетите, Мицкоски вели дека тоа нема да го толерира
-

Златни денови на Кратово
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
