Несовесен кавадарчанец го изорал патчето кое води до пристаништето „Пумпи” на Тиквешко Езеро

Несовесен кавадарчанец со трактор го изорал патчето што води до пристаништето „Пумпи” на Тиквешко Езеро, реагираат тиквешани кои го користат тој дел за пристап до свои имоти крај езерото, во изјава за МИА.
- Не знам зошто му пречело ова патче некому, па го уништил со трактор за длабоко орање. Ова всушност не е официјален пат, но по него се движат стотина сопственици на пловни објекти чии чамци се чуваат на пристаништето и членови на нивните семејства, но и други кои тука изнајмуваат чамци, или туристи кои сакаат да го видат Тиквешко. И тоа само кога нивото на водата е помало како сега. Кога нивото е поголемо, патот е под вода и тука нема движење, појасни Ангел Крстев, сопственик на викендичка и ресторан крај езерото.
Околу втората по големина вештачка акумулација во државата, се изградени околу две илјади викендички.
Ново на Сител
-

Радев победи на изборите во Бугарија, неизвесно формирање на стабилна влада
-

Со нови линии до повеќе туристи
-

Тема на денот со Владимир Владимиров, политички аналитичар
-

ИПР со регионално решение за кучињата скитници
-

Бугарија гласа: Уште еден обид за стабилна влада и подобри односи Скопје-Софија
-

Бугарите во Македонија гласаат без проблеми
-

Мицкоски очекува проевропски премиер во Бугарија
-

Власта задоволна - опозицијата бара нови мерки против кризата
