Непрописно паркирање на Водно за викенд ќе се санкционираа

За да се заштити планината Водно од загадување и за да се овозможи непречено и безбедно движење на сите учесници во сообраќајот, а особено на пешаците и на велосипедистите, градските инспектори и овој викенд ќе продолжат да вршат засилени контроли во однос на непрописното паркирање на јавни површини, информираат од Град Скопје.
Градските комунални редари, се вели во соопштението на Град Скопје, изминатиот викенд на Водно вршеа засилени контроли за непрописното паркирање на јавни површини и изрекоа вкупно 76 казни за паркирање во зеленило (14 во сабота и 62 во недела).
-Благодарение на овие засилени контроли на градските комунални редари за време на викендите на Водно не се создава сообраќаен метеж, а посетителите имаат оптимални услови за рекреација”, се наведува во соопштението на Град Скопје.
Воедно лани Град Скопје воведе две нови автобуски линии – автобусот со број 25А тргнува од пред катната гаража „26 Јули“ на улицата Свети Кирил и Методиј, а автобусот со број 25Б – од паркингот кај Цветниот пазар (Дом на печат). Овие две автобуски линии до Средно Водно се бесплатни за време на викендите и државните празници, а во овие денови бесплатно е и паркирањето во катната гаража на улицата Свети Кирил и Методиј и на паркингот кај Цветен пазар (Дом на печат).
Возниот ред на овие две автобуски линии може да го пронајдете на следната интернет врска: http://www.jsp.com.mk/
-Како дел од континуираните заложби да се овозможи безбедно рекреирање на пешаците и на велосипедистите во деновите кога е најпосетено Водно, Градот Скопје и ЈП „Градски паркинг“ воведоа зонско паркирање на паркиралиштата на Средно Водно. Паркирањето се наплаќа за време на државните празници и за викендите од 9 до 16 часот. Цената за првиот час паркирање изнесува 100 денари, а секој нареден час – 50 денари. На паркиралиштата е поставена соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација, како и информативни табли. Паркирањето е бесплатно за хендикепираните лица, како и за туристичките автобуси, а непрописното паркирање се санкционира”, информираат од Град Скопје.
Дополнително Град Скопје им препорачува на граѓаните да ги искористат сите овие поволности и овој викенд да ги остават автомобилите во катната гаража „26 јули“ и на паркингот кај Цветен пазар (Дом на печат) и со автобус да се качат бесплатно на Водно.
Ново на Сител
-

Облачно време со врнежи од дожд и снег
-

ЕК со предупредување до САД: Окупацијата на Гренланд би била крај на НАТО
-

Бадникови поворки во Соборниот храм на традиционална средба со Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан
-

Шумер: Хаосот во Венецуела штотуку започнува, отворена е „Пандорината кутија“
-

Силен земјотрес со магнитуда од 6,2 степени ја погоди западна Јапонија
-

Бадникарите во посета на домот за стари лица Мајка Тереза
-

Денеска и утре не се очекуваат блокади на граничниот премин Евзони кон нашата земја
-

Стивен Милер, заменик шеф на кабинет во Белата куќа тврди: Никој не би се борел против САД за Гренланд
