Непристојно облечената водителка доби џемпер среде емисија во живо
Незгоден момент се случи во калифорниската ТВ станица КТЛА, а главна протагонистка беше водителката Либерте Кан.
Имено, режијата на програмата во живо одлучи да ја „покрие“ водителката поради жалбите што биле упатени на адреса на ТВ станицата кои се однесувале на нејзиното фустанче кое откривало премногу.
Кан на самиот почеток на временската прогноза морала да облече малечок џемпер кој буквално и беше подаден во кадар, што создаде непријатна ситуација во која Кан добро се снајде.
-Што се случува? Сакате ова да го облечам? Да не е ладно? запраша Кан, по што следуваше одговор дека добивале многи и-мејлови, алудирајќи на жалбите на гледачите. Кан се согласи да го облече џемперчето иако искоментира дека изгледа како библиотекарка.
Кан е позната по својата провокативна облека, но режијата сепак сметаше дека се има своја граница.
Подоцна критики беа упатени и кон режијата за нивниот нрепромислен потег среде шоуто во живо.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа