-->
-->
Непречено се спроведува масовната вакцинација во Куманово
-->
Трета недела масовната вакцинација во Куманово се спроведува непречено, информираа денеска надлежните од Здравствен Дом. Според последните информации, до петок, потрошени биле преку 11.000 дози вакцини. Тековната недела ќе се работи само прва смена и пуштени се 2.000 дози „Синофарм“.
– Да упатам апел до граѓаните, сите да се пријават на вакцинација.мк, да не доаѓаат на пунктот без термин, по регистрација брзо се добива термин. Непотребно се создава метеж, граѓаните да имаат трпение, изјави д-р Снежана Јовановска, од Здравствен Дом Куманово.
Во Здравствениот дом пак, се дава втора доза на „Фајзер“ за повозрасните над 70 години кои пред три недели примија прва доза. Ревакцинацијата ќе се врши до четврток.
Покрај кумановци, на пунктот во училишната спортска сала во средното училиште „Перо Наков“ се вакцинираат жителите од Липково, Старо Нагоричане, Крива Паланка, Ранковце и Кратово.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

СДСМ со ултиматум за техничката влада
-

Ниту плата ниту мерки на ЕСС во Влада
-

Кризата со керозинот ќе ги зголеми цените на авиобилетите
-

За изградба на железница кон Албанија, Николоски очекува посветеност и од Тирана
-

Конференција: Скопје европска престолнина на културата во 2028 година
-

Новаци ќе добие регионален центар за отпад
-

Преглед на вестите од светот
-

Укинувањето на техничката влада на пленарна седница, СДСМ се закани со напуштање на работни групи
