Непотполната листа со докази го одложи стартот на судењето за 27 април
Не почна судењето за обвинетите за организирање на собраниските настани од 27 април.
Одбраната побара да ги добие сите докази со кои располага обвинителството, бидејќи материјалите се наоѓале во Апелациониот суд кои се дел од предметот во кој претходно беа осудени 16-мина на повеќе од 200 години затвор.
Овие докази судот ги добил пред неколку денови па до следното судење тие ќе ги достави и до одбраната.
Адвокатите доставиле и листа на сведоци за кои обвинителката Вилма Русковска побара да ги достават и записниците од нивните сведочења за како што рече да се подготви обвинителството за испитување на сведоците.
Како организатори за случувањата од 27 април се гонат поранешниот собраниски спикер Трајко Вељановски, екс директорот на УБК Владимир Атанасовски, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески.
Обвинети се за терористичко загрозување на Уставниот поредок на државата.
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-
Приведен тинејџер, полицијата кај него пронашла дрога
-
Поевтинуваат дизелот и Еуросупер БС 98
-
Судскиот совет го одложи утврдувањето на кандидатски листи за избор на двајца членови на Советот
-
Од среда променливо облачно и посвежо со повремен дожд
-
Вработените во Фондот за здравство утре ќе протестираат
-
Србинка барана по Интерпол уапсена на аеродромот во Скопје
-
Утревечер седница на Советот за безбедност на ОН за Босна и Херцеговина по барање на Русија
-
За брзо возење 286 санкции на територија на цела држава