-->
-->
Необична кражба во битолскиот Народен театар, еве што украдоа крадците
-->
Вчера во 10.10 часот во ПС Битола, Л.А. (62) од Битола пријавил дека во периодот од 21.45 часот на 25.06.2017 до 09.45 часот на 26.06.2017 година непознат сторител извршил тешка кражба во просторија, т.н. „Реквизита“, сопственост на Национална Установа-Народен Театар-Битола, лоцирана во Спомен домот на културата-Битола на ул.„Широк сокак“.
Сторителот без оштетување ја отклучил вратата од просторијата, влегол во просторијата лево од влезната врата и со употреба на физичка сила го скршил цилиндерот од вратата, влегол и од рафтовите одзел една ловна
пушка од постар тип (отстапена од СВР-Битола за потребите на театарот), шест сигнални-плашливци пиштоли, едно пакување со 50 маневарски куршуми и шет до седум куршуми кои не биле во пакувањето. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско
-
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
-
Италија ја исклучи можноста за воена интервенција во Украина
-
Русија распиша потерница и за командантот на копнените сили на Украина, Пављук
-
Шолц го осуди нападот врз европратеник од германската Социјалдемократска партија
-
Состојба на патиштата
-
Претежно сончево и потопло
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО