Ненадејно почина доктор Надер Исмаили
Ненадејно почина уште еден доктор од Тетово.
„Почитувани колеги, почитувани пријатели,
Неизмерна е болката од сознанието дека изгубивме уште еден млад живот.
Ненадејно не напушти нашиот колега, другар, пријател, човек Д-р спец. Надер Исмаили.
Премногу зборови можеме да напишеме овде, но цел роман не може да намали ниту атом од болката предизвикана од ваква вест.
Нашиот Надер ќе биде запаметен по својот стручен, педантен, принципиелен и професионален однос кон пациентите и голем другар со вработените.
Во име на Управата на Универзитетскиот Стоматолошки клинички центар, во име на сите вработени, изразуваме сочувство до семејството и пријателите.
Надер почивај во мир.“ стои во фејсбук објавата на Универзитетски стоматолошки клинички центар Свети Пантелејмон.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љупчо Зиков, новинар/аналитичар
-

Над 200 семејства од Струмичката епархија ќе добијат празнични пакети од „Елеуса“
-

Почина двегодишното дете повредено во Шуто Оризари за новогодишната ноќ
-

Деца ќе останат со инвалидитет, возрасни во болница поради користење на петарди
-

МВР го расчисти убиството за новогодишната ноќ
-

Се уште се бара Македонецот кој исчезна во пожарот во Швајцарија, бројот на загинати се искачи на 47
-

Запленети 10 килограми кокаин во околината на Скопје
-

Протест против 11 годишната затворска казна за Фатон Љури
