Ненад Чанак очекува Дачиќ да биде сменет од министерската функција
Лидерот на Лигата на социјалдемократите во Војводина, Ненад Чанак очекува српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ да биде сменет од функцијата, бидејќи „со тешките навреди на адреса на соседни држави повторно го вовлекува целиот реон во состојба на воена психоза“.
Тој истакна дека Дачиќ не може да продолжи да ја извршува функцијата шеф на дипломатијата, бидејќи, според Чанак, „ниту еден пристоен човек во светот не сака повеќе да разговара со него“.
- Ивица Дачиќ денеска, освен што се наоѓа на слобода поради недостиг на докази или на политичка волја да му се суди, тој претставува и заштитник на интересите на една странска држава. И веројатно во нејзино име, бидејќи тоа не е во интерес на Србија, повторно и прави проблеми на нашата земја со речиси сите соседи, нагласи Чанак.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници