Нема услови за тренинг, ѓорчепетровци се повлекоа од теренот
Фудбалерите на Македонија ЃП иако меѓу први се тестираа на Ковид-19 и се вратија на тренинзите по последните информации за позитивни случаи на коронавирусот во редовите на тетовските лигаши Ренова и Шкендија решија да се повлечат од теренот и да ги чекаат препораките на здравствените работници и ФФМ:
„Како клуб одговорен за здравјето на нашите фудбалери и сите вработени во клубот, од денес ги прекинуваме сите активности, а чекаме нови насоки од Владата и Фудбалската федерација на Македонија. Нашата куќа на фудбалот отсекогаш била за решение на фудбалот на зелените терени, но со глава во ѕид не се може.
Се срамиме од вестите на одредени медиуми и негираме дека закажавме пријателски натпревар со Вардар“, се вели во соопштението на Македонија ЃП.
За денеска е најавено тестирање на екипите кои не се тестирани по што сите погледи ќе бидат свртени кон здравствената комисија дали ќе даде зелено светло во вакви услови да се игра Првата МФЛ.
Ново на Сител
-

Од живо од скопско Таор: Четворица приведени за убиството на 48 годишна жена
-

Сали: ВРЕДИ ќе раководи со 6 ресори по реконструкцијата
-

Пратениците одлучуваат од кога кај матичен лекар ќе се изјаснуваме за донирање на органите по смртта
-

Топлотен бран ја зафати Македонија
-

СДСМ: Загрозен е вториот пензиски столб, ВМРО-ДПМНЕ: Лагите ги повторуваат како папагали
-

80 години од почетокот на граѓанската војна во Грција
-

Уметници творат во Вевчани
-

Преглед на вестите од светот
