Нема разлика: Демонстрантите во Киев и Скопје со исти „оружја“, Заев еден од нив
Украинското сценарио беше најавено и тоа не од било кој, туку од лидерот на СДСМ, Зоран Заев во гостување на телевизија Телма. Неговите зборови вчера беа пренесени во конкретни дела по теркот на украинското сценарио, кога тој застана и како лидер на Шарената револуција, па рамо до рамо со платениците од Сорос, за кои деновиве јавноста дозна дека земале огромни суми, фрлаше со боја врз Министерството за правда.
Вчера на само неколку недели по оваа скандалозна изјава, Заев ја легализираше Шарената револуција и конечно го покажа вистинското лице, дека токму тој е и лидерот на истата. Новинарот Мухамед Зекири инспириран од вандализмот на Заев, направи монтажа со тоа што наместо боја на Заев во рака му ставил молотов коктел. За потсетување, молотовите коктели беа едно од главните „оружја“ на демонстрантите во Украина.

Имајќи го во предвид она што го кажа Заев и фотографиите и видеата кои кружат на интернет за вандалското однесување на демонстрантите, може да се забележи дека она што се случуваше во Украина, денес се случува низ улиците на Македонија.
Последните реквизити со кои се користат демонстрантите на платеничката револуција, се катапултот и пластичните пушки со кои фрлаат боја.
Катапултот беше еден од главните реквизити на демонстрантите на Мајдан во Киев, а истиот се користи и од платениците кои протестираат во Македонија.



До сега сличностите помеѓу однесувањата на демонстрантите во Украина и Македонија се неверојатно пресликани од улиците на Украина на улиците во Скопје.
Ново на Сител
-

Состанок на раководството на БЕСА
-

Тема на денот со Димитар Богоески, директор на Државниот Архив
-

Стабилизација и годишна инфлација под 3% очекува премиерот
-

Бислимоски поднесе оставка
-

По најавите на Касами за смена на министри, Мицкоски му врати дека тој одучува кој ќе остане во Владата
-

Во Белград приведен Саитов, кој во Капиштец прегази жена и избега од државата
-

Мицкоски: Останаа уште неколку битанги кои ќе се најдат зад решетки
-

Одбраната на Васев го негира вештачењето на словенечкиот онколог
