Македонија
19. May 2025 - 16:39

Нема предлог за нов гувернер - Давкова ќе размислува уште неколку дена

Претседателката Давкова се уште размислува кој да предложи за нов гувернер на Централната банка. Побарала уште два три дена пред да донесе конечна одлука. Вчера разговарала со тројцата кандидат -  Ставревски, Славевски и Бежоска, вели дека сите се исклучителни и кој и да предложи уверува дека ќе биде извонреден гувернер.

Давкова Иако најавив дека денеска до Собаранието ќе го доставам предлогот за иден гувернер, побарав уште неколку дена да ги разгледам биографиите. Вчера разговарав со тројцата кандидати поедничено по саат, час и половина и верувајте сите се исклучителни. Јас ве уверувам дека кој и да изберам ќе биде извонреден, иајави претседателката Гордана Силјановска Давкова 

Мандатот на актуелната гувернерка истекува утре. Но законот за Народна банка предвидува  таа да остане на функција се до изборот на нов. Бежоска не сакаше да открие дали очекува уште еден мандат. 

Одолговлекувањето на изборот на клучниот човек кој ја крои монетралната политика, за опозициската СДСМ е доказ дека  власта  притиска за кандидат од нивната партија. 

Премиерот Мицкоски негира дека има несогласување помеѓу неговиот фаворит и оној на претседателката Давкова.

Нема несогласувања, не сме разговарале за кандидат, туку за кандидати, изјави Христијан Мицксоки, премиер.

Мандатот на гувернерот на Народната банка трае 7 години., со можност за уште еден реизбор. Ја има клучната улога  да ја чува стабилноста  на денарот  и  банкарскиот сектор. Законот бара гувернерот да биде независен, односно да не е член на  политичка партија или синдикат, како и да нема сопственост на капитал во финансика институција.