Нема опасност за населението од излевањето на Маркова река, уверуваат локалните власти

Поради обилните врнежи од дожд, Маркова Река се излеа во село Батинци, предизвикувајќи поплави на улиците и дел од домовите. Надлежните служби се на терен и работат на враќање на реката во нејзиното корито, додека локалните власти уверуваат дека нема опасност за населението.
Градоначалникот на Студеничани, Азем Садики, вели дека состојбата се санира, во моментов нема потреба од евакуација, но има материјални штети.
- Во Село Батинци, во Маркова Река има надојдено повеќе вода. На неколку места има излевање од речното корито. Ангажиравме две-три машини малку да ја санираме состојбата. Не знаеме дали ќе продолжи уште, засега има прекин на врнење на дождот, а во околните куќи околу Маркова река има влезено вода во дворовите. Мислам дека за населението не е многу ризично за евакуација, засега има материјални штети по дворовите на неколку домаќинства, рече тој.
Заменик директорот на Дирекција за заштита и спасување, Кашмир Салиу, додаде дека нема опасност од поплави, и се во постојана координација со градоначалникот на Кисела Вода и Студеничани.
- Нашите екипи се упатени на лице место, рече тој.
Ново на Сител
-

Деветти смртен случај поврзан со западно нилска треска
-

Ако цената на горивата продолжи да расте, Владата ќе разгледува нови мерки
-

СДСМ: Расте бизнис мрежата на Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче сака 600 евра минималец, ама не сака дата центри
-

Жетвата на ориз започна, проблемите останаа нерешени
-

Празникот Мала Богородица одбележан во манастирот во Вељуса
-

Преглед на вестите од светот
-

Teма на денот со Петре Ламески, декан на ФИНКИ
