Нема обвинување за мајката на детето кое падна меѓу горили
Мајката на тригодишното дете кое падна меѓу горилите во Золошката градина во американскиот град Синсинати, нема да биде обвинета, соопшти државното обвинителство.
Користејќи ја невнимателноста на својата мајка, момчето се искачило на оградата и паднало во три метри длабокиот простор на Зоолошката градина, каде се наоѓале горилата.
Безбедносните служби на градината го застрелаа 17 години стариот мажјак кој го грабнал детето и десетина минути го влечел низ просторот, објаснувајќи ја таквата постапка со стравот дека големото диво животно ќе го убие детето.
Инцидентот се случи минатата недела и предизвика различни коментари во американската јавност.
Поголемиот дел од јавноста го оправдуваа реагирањето на чуварите кои го застрелале горилото, но активистите за заштита на животните сметаат дека ваквата одлука на управата на Зоолошката градина била избрзана.
Според нивното објаснување, анализата на снимките од безбедносните тв камери во градината, покажуваат дека горилото не го повредило детето. Тоа по прегледот во болница, било пуштено на домашно опоравување.
Активистите исто така бараа одговорност и обвинување за мајката за „негрижа кон сопственото дете“.
Во објаснувањето на Обвинителство се вели дека против мајката нема да биде покренто обвинување, затоа што водела грижа и за други три нејзини деца кои истотака биле со неа во Зоолошката градина.
Ново на Сител
-
Се урна хеликоптерот во кој патуваше претседателот на Иран
-
Велешанец собирал печурки, во коленото му влегол проектил од огнено оружје
-
Пронајдени мигранти од Ирак и Турција
-
Возач и сопатничка повредени во сообраќајка на експресниот пат Штип-Радовиш
-
Мицотакис ја повикува Силјановска Давкова да избегне „слични незаконски и провокативни“ постапки
-
Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект
-
Гостивар: Двајца возачи се судриле со три паркирани возила
-
Иран ќе гради ѕид на границата со Авганистан