Нема нови случаји на Ковид-19 во затворот Шутка

Од досегашните резултати од проверката на затворениците и лицата кој се во притвор во затворот Шутка, нема позитивни на вирусот Ковид-19, изјави министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес конференција.
– Во затворот во Шутка, интензивно се работеше во изминативе денови, во насока на интензивни клинички прегледи од страна на лекари од Здравствениот дом Скопје, на сите луѓе што се сместени во сите блокови. Интензивно беше земен материјал од голем број луѓе сместени во одредени блокови каде беше сместено лицето кое почина. Секако имаше проверка и дадени се соодветени насоки од страна на епидемиолозите за вработените, согласно информациите на контактите на лицето кој почина. Состојбата е детално аналзирана, рече министерот Филиче.
На 8 април годинава, по еден месец во притвор, еден граѓанин од Ресен почина во затворот Шутка. По обдукцијата на телото на починатиот беше утвредено дека тој бил позитивен на Ковид-19. По овој настан во овој Казнено-поправен дом дојде до револт на затворениците кои бараа да се преземаат мерки за заштита од коронавирусот.
Ново на Сител
-

МВР го уапси Александар Лазаров од Кочани, кој преку прозорец избега од полициска станица
-

Преглед на вестите од светот
-

Расветлено убиството на д-р Ацо Трповски
-

Обвинение за поранешниот директор на СОЗР – приватно летал со владиниот авион и трошел државни пари
-

Полицајците не помагаа после пожарот во „Пулс“, тврдат сведоци
-

Мицкоски: Правдата е задоволена со враќањето на “Белата палата”
-

Вард од Скопје: Проширувањето останува приоритет на ЕУ
-

Истече грејс периодот од Брисел, нема измени на Изборниот законик
