Нема македонски универзитет во првите илјада рангирани на Шангајската листа 2022
– На најновото рангирање на универзитетите во светот во 2022 година на Шангајската листа, во првите сто се 39 од Соединетите Американски Држави.
Прв на листата е Универзитетот Харвард и, освен два британски – Универзитетот Кембриџ на четврто место и Оксфордскиот на седмо, првите 15 места на листата ги држат американски универзитети.
Кина има девет универзитети рангирани во првите сто, Германија четири, а меѓу стоте најдобри се и универзитети од Франција, Шведска, Данска, Швајцарија Израел, Јапонија, Австралија, Канада…
Земјите од регионот имаат универзитети рангирани во првите илјада на листата – во рангот универзитети меѓу 301 и 400 место е универзитет во Атина, универзитетите во Белград, Загреб и Љубљана се од 401 до 500 место, а со ранг меѓу 901 и 1000 место е Универзитетот во Нови Сад.
На листата нема рангиран универзитет од Северна Македонија.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости