Бизнис
13. March 2024 - 16:29

Нема логика домашната струја да е двојно поскапа од увозната, но мора да осигураме минимум производство

Нема економска логика 1 мегават произведена струја во РЕК Битола да чини    140 евра, а увезената 72 евра . Но мора да се осигураме со  домашно производство, бидејќи берзанските цени се нестабилни , смета вицепремиерот Битиќи. Од вчера вториот блок на РЕК Битола е ставен во функција,  откако пукната цевка го исклучи третиот блок.  Честите дефекти на дотраените капацитети и повторното  вклучување ја чинат државата милионски суми. Само едно ставање во функција, според опозицијата е околу половина милион евра. евра.Сепак, Битиќи смета дека е преризично да зависиме  од  увозот на струја

Тоснко Свесни за тоа каква производна цена имаме во овој момент инвестираме во сите сегменти, особено во сегментот обновливи извори на енергија, во приватни инвестиции, кај што сакаме реално да го заштитиме јавниот интерес токму за да падне производствената цена за да немаме вакви проблеми на испади кога домашното производство ќе биде повисоко од берзанските цени.   Наназад кога приликите биле малку поразлични, подобри, поповолни ние сме произведувале и со пониска цена. За жал, кога 40 години не се инвестираа и не се мисли на следните 40 години се случува ова што денеска ни се случува. Така што, нужност е вклучувањето на одреден блок. Не можеме целосно да оставиме да зависиме само на увоз на електрична енергија од други извори затоа што едноставно експертите во ЕСМ и пошироко укажуваат дека тоа е преризично за државата, изјави Битиќи. 

 Во моментов, прсоечната цена на мегават струја купен на берза чини околу 72 евра. Производствена пак, ако е од сопствен  јаглен е 110 евра, а со грчки, увозен 142 евра за мегават.  Цената на електричната енергија која им се испорачува на граѓаните и малите фирми изнесува 57 евра за мегават. Разликата од над 80 евра за мегават се покрива со пари од буџетот.  Колку милиони до сега се одлеале , од ЕСМ молчат.