Македонија
27. March 2024 - 12:22

Нема лекови за пациентите на кои им е вградено механичко помагало за срцето

Пациентите со механичка потпора на срце сеуште го чекаат Лекот „Ентресто“, кој им е неопходен , па  се принудени да го набавуваат од соседните земји

Пациентите со механичка потпора на срце не ја добија ветената помош ,лекот ентресто кој го примаат сеуште не е достапен во државата па  сами се снаоѓаат како знаат и умеат не е укината ни  партиципацијата за одржување и сервис на уредите како и за сите здравствени услуги поврзани со болеста а нема ништо ни од барањето за овозможување  транспорт на тим за трансплантација од странство за брзо пристигнување во моментот кога ќе има достапен донор.

Од Храбро срце посочуваат дека иронијата да биде уште поголема не е променета ни шифрата на болеста на овие пациенти .

20-тина пациенти со години живеат со вградена пумпа на срцето која работи на батерии, но не губат надеж тие се надеваат дека по долги години чекање ќе добијат втора шанса за живот.