Нема купувач за легендарната Веспа на која се возеше Меланија Трамп

Веспа марка Пјаџо, на која во 1986 година неколку месеци се возеше Меланија Трамп, можеби идната прва дама на САД, не е продадена во неколку недели од како на и-беј ја постави нејзиниот сопственик од Словенија, поранешното момче на Мелани, Петер Бутолн (49).
Веспата не е во возна состојба и и треба целосен ремонт, но Бутолн ја истакна почетната цена од девет илјади евра, со тврдење дека приходот би го наменил за добротворни цели во фондот за самохрани татковци кој планира да го основа. Но, досега на огласот за „легендарниот“ скутер никој не се јавил, информира „Словенске новице“.
Бутолн за еден домашен весник рече дека со Мелани бил во врска и ја возел на веспата во пролета 1986 година, но дека се разделиле кога морал да оди на отслужување на воениот рок, што Мелани не го оспори. Бутолн тврди дека го запознал целото семејство Кнавс од Севница и постарата сестра на Меланија, Инес со која наводно исто така бил со неа, што таа го негираше, испраќајки му порака „Не лажи, Петер“.
Ново на Сител
-

Сејф сити ќе казнува мотори и тротинети
-

Цените кај храната стабилни, ако има потреба Владата ќе носи мерки
-

Жените да создадат навика за редовни гинеколошки прегледи
-

Нов повик за финансиска поддршка на мали претпријатија
-

ВМРО-ДПМНЕ: Советот на обвинители да го испита работењето на Абази
-

Уште две девојчиња пријавиле недолично однесување на наставникот од Штип
-

Преглед на вестите од светот
-

Владата ќе ги продолжи мерките за горивата кои истекуваат во понеделник
