Нема кривична, но има етичка одговорност кај министерката Ангеловска

Нема основа за кривична одговорност, но има за етичка. Министерката за финансии Нина Ангеловска со својата позиција имала можност да располага со информации во случајот со пропаднатата банка "Еуростандард", каде што и самата била клиент, што секако можело да влијае врз нејзините одлуки.
Ова го констатираа антикорупционерите на денешната седница на која се разгледуваше случајот и можниот судир на интереси на министерката Ангеловска.
Според претседателката Ивановска, во случајот е нарушен етичкиот кодекс за носителите на јавни функции, кои треба да се грижат да не го нарушат Законот за спречување на корупцијата, а посебно да отстранат секаков сомнеж дека има поврзаност помеѓу јавниот и приватниот интерес.
Членовите на Антикорупциската комисија во наредниот период ќе предложат промени во прописите со кои се регулираат овие прашања.
Горан Симоновски
Ново на Сител
-

Фетаи поднесе оставка
-

Фетаи поднесе оставка
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Кошта ја стартуваше балканската турнеја – утре доаѓа во Скопје
-

Филипче: Власта намерно ја кочи реформската агенда
-

Дизелот поевтинува за 6,5 денари, бензините поскапуваат за половина денар
-

Пропустите кај млечните производи може да ја намалат продажбата
-

ЦЈЗ Скопје утре ќе каже поради што 20-тина деца од ООУ „Невена Георгиева - Дуња“ завршија во болница
