Бизнис
29. January 2020 - 20:22

Нема дозвола за градба без приклучок за парно

Нема одобрение за градба без приклучок на парно греење. Првиот човек на РКЕ Бислимовски вели дека новиот закон за градба е во подготовка и ќе инсистира со него сите инвеститори кој ќе скааат да градат згради да бидат обврзани да ги приклучат на парно.  Вели дека земјава е увозно зависна и до 30 отсто од електричната енергија се купува од надвор и затоа треба памето да се користи. Наместо струја  за загревање да се користи  парно затоа што е  најеколошки.

Од Мепсо тврдат дека системот е стабилен и со мерката  со која ќе се субвенционираат инвертери за затоплување  нема да се оптовари мрежата  и да има проблеми во снабдувањето со електрична енергија, како што тоа се случи кон крајот на минатата година. Во текот на неколку дена, дел од  скопските населби остануваа по неколку часа без струја

Од регулаторна тврдат дека до крајот на  грејната сезона дистрибуцијата на топлинска енергија останува кај БЕГ, а во следниот период ќе се разгледува барањето на Град Скопје со кое тие сакаат да ја преземат оваа функција од Балкан Енерџи.