„Нема да нè снема“ – Осмомартовски марш за женските права во Скопје

Со минута молк и пораки за правда започна денешниот традиционален Осмомартовски марш во Скопје, организиран од повеќе граѓански иницијативи и здруженија. Маршот стартуваше точно напладне од паркот „Жена борец“ од каде учесниците се упатија кон Градскиот парк и бистата на Вера Јоциќ.
Слоганот на маршот „Нема да нè снема“, како што велат организаторите, ја изразува непоколебливата и нужна борба на жените да опстојат во систем и општество што ја загрозуваат нивната безбедност, не ги штитат од насилници, ги забораваат, ги оставаат на маргините и ги бришат.
Учесниците на маршот истакнаа дека празничните честитки не се доволни, доколку паралелно не се работи на искоренување на родово базираното насилство, економската нееднаквост и системската дискриминација.
Маршот се одржува во чест на борбата за женските права и историската традиција на 8 Март, кој симболизира солидарност и отпор во борбата за еднаквост и достоинствен живот.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Низ целиот евроинтеграциски процес покажуваме конкурентност и капацитетност, но не поддржувам авантура без извесен крај
-

„Кругот на животот“ - што се крие зад емотивниот поздрав во ООУ „Његош“?
-

Тројца Македонци уапсени во Хрватска, лепеле напелници на сообраќајни знаци
-

НАСА: Поправките на лансирната рампа на проектот „Блу Ориџин“ ќе потраат
-

Уапен гостиварец осомничен за сторени повеќе кривични дела
-

Македонските фудбалери убедливо поразени од Турција, 360 минути без постигнат гол
-

Втор ден од Регионалниот форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан - МЕФ 2026
-

Николоски: Со нови пет авиолинии, единствена држава сме што отвора нови летови во најголемата авиокриза
