-->
-->
Неколкумина загинати, а 33 исчезнати откако се запали брод во близина на Лос Анџелес
-->
Неколку луѓе загинаа, а 33 се сметаат за исчезнати по пожар на комерцијален брод за нуркачи, што се случи во близина на брегот на јужна Калифорнија, соопштија официјални лица.
Капетанот Брајан Мекгарт, од пожарната служба Вентура, изјави за „Дејли Бист“ дека во пожарот има загинати лица, но не можеше да го наведе нивниот број.
Од американската крајбрежна стража соопштија дека пет члена на екипажот кои спиеле на горната палуба на бродот од 20 метри, биле спасени во близина на островот Санта Круз, на околу 140 километри од Лос Анџелес.
Според крајбрежната стража, 33 патници кои спиеле под палубата не се пронајдени.
Во тек е потрага по исчезнатите лица со помош на хеликоптери и мали чамци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кисела Вода ги дигитализира услугите
-
Управниот суд одлучува по решенијата на ДИК
-
Османи во Стразбур лобираше за Косово
-
Првиот македонски зачин доаѓа од мермерните градини во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Јанаки Митровски, адвокат
-
Се крои владината коалиција со Вреди - ВМРО-ДПМНЕ веќе сама обезбеди 61 пратеник