Живот
3. January 2018 - 21:47

Некој чува куче, некој маче, а оваа жена се одлучи за вакво милениче

Ако некој ви го спомене името Мегвајер, сигурно ќе помислите дека е некој супер херој или актер, но не се работи ни за едното ни за другото. Всушност не се работи ни за човечко суштество туку за гуштер.

Црвениот гуштер по птекло од Аргентина, со својата сопственичка живее во Калифорнија, стана атракција на интернет а неговата сопственичка секојдневно објавува фотографии и видеа. Гуштерот е стар 4 години, а за таа прилика сопствениците му приредиле и забава.

Има 10 килограми, полека се движи и сака да се сонча во дворот, а омилено место за одмарање му е троседот. Повеќе од 45 илјади корисници го прегледаат овој видео запис, погледнете го вие па одлучете дали ви се допаѓа или не, и дали некогаш би чувале вакво нешто по дома?