-->
-->
Нејмар верува дека Меси ќе остане во Барселона
-->

Бразилецот, Нејмар смета дека е само прашање на време кога Лионел Меси ќе потпише нов договор со шпанскиот шампион Барселона.
На првата ѕвезда на Барселона, Меси се очекува да му биде понуден нов договор веќе во наредните неколку недели седмици, најдоцна до крајот на следниот месец, имајќи во предвид дека неговиот актуелен договор истекува во јуни 2018 година.
Неговиот соиграч Нејмар се надева дека Аргентинецот ќе остане на „Камп Ноу“, и се очекува договорот да биде финализиран наскоро, иако претседателот на клубот Жосеп Марија Бартомеу неодамна изјави дека преговорите се уште не се започнати.
„Се надеваме дека Меси ќе остане во Барселона со нас. Очекувам дека ќе потпише нов договор наскоро“, изјави Нејмар за медиумите во Сао Паоло, каде ќе ги мине претстојните празници, пред продолжувањето на сезоната во Примера, на 8 јануари, за кога е закажано гостувањето на Барселона кај Виљареал.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Земјоделците (не)задоволни од новите построги правила за субвенции
-

Тема на денот со Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ
-

Владата избра 9 нови амбасадори
-

Советот на јавни обвинители даде позитивно мислење за четворица кандидати за државен јавен обвинител
-

Вонреден инспекциски надзор во Правда, бараа објаснување за полагање на правосудниот испит
-

Уставен пред комплетирање - се чека изборот на нови судии за одлука за Законот за јазици
-

Протест на ССМ пред Владата
-

СДСМ обвинува дека Мицкоски го користел владиниот авион приватно, Владата демантира
