Фудбал
14. August 2017 - 8:51

Нејмар со гол и асистенција дебитираше во дресот на ПСЖ

 
 Најскапиот фудбалер на светот, Нејмар имаше успешно деби за својот нов клуб ПСЖ. Бразилецот синоќа на гостувањето кај Генган постигна еден гол и запиша една асистенција во победата на парижаните од 3:0.
 
За ПСЖ ова беше втора победа на исто толку натпревари од новата сезона во Лига 1 по што заедно со уште четири други екипи има максимални шест бода.
 
Резултати од 2.коло во Француското фудбалско првенство:
 
Ница – Троа 1:2,
Рен – Лион 1:2,
Нант – Марсеј 0:1,
Амиен – Анже 0:2,
Бордо – Мец 2:0,
Каен – Сент Етиен 0:1,
Тулуз – Монпеље 1:0,
Стразбур – Лил 3:0,
Дижон – Монако 1:4 и
Генган – ПСЖ 0:3.
 
Водат Лион, ПСЖ, Монако, Марсеј и Сент-Етиен со по 6 бода