Неизвесен победникот на локалните избори во Истанбул
И кандидатот на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) и на турската опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) синоќа прогласија победа во трката за градоначалник на Истанбул.
– Победивме во Истанбул, изјави кандидатот на владејачката АКП Бинали Јилдирим.
Кандидатот на опозициската ЦХП Екрем Имамоглу изјави дека е „многу јасно“ оти неговара партија победила во Истанбул, најголемиот град во Турција.
– Знам дека победивме, тоа е многу јасно, рече Имамоглу.
Според најновите резултати кои ги пренесуваат турските медиуми, Јилдирим е во благо водство со освоени 4.111.219 гласови, во однос на Имамоглу кој доби 4.106.776 гласови.
На вчерашните локални избори во Турција учествуваа вкупно 12 политички партии, 73 независни кандидати за началнички функции, а право на глас имаа 57 милиони граѓани.
Во Турција има вкупно 81 провинции, меѓу кои 30 метрополи, вклучувајќи ги и Истанбул и Анкара.
Ново на Сител
-
Почна протестот на вработените во ФЗОМ
-
Парламентарни избори 2024 - се заострува реториката помеѓу партиите
-
Пендаровски и Силјановска и денеска на терен
-
140 социјално загрозени семејства од Прилеп ќе добијат пакети храна и пари пред Велигден
-
Еколошките здруженија реагираат на загадувањето на Охридското Езеро
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Алберт Муслиу, политички аналитичар
-
Препорака до осигурителните компании - утре да ги вратат старите цени на полисите