Неговата смрт ја потресе: Каролина Гочева во солзи поради овој голем човек!
Во саботата Каролина Гочева ја потресе една тажна вест. Една нејзина драга личност почина на 37 годишна возраст.
Маринко Маџгаљ, едниот од пејачите на групата Фламингоси, по кратко боледување викендов почина. Освен по заедничката кариера со Огнен Амиџиќ во нивното познато и забавно дуо, ќе го паметиме и по актерската кариера.
Заедно со Огнен соработуваа и со нашата Каролина, со која имаат заедничка песна „Ти и ја“. Неговата последна песна исто така е снимена во Македонија, посветена е на сопругата на неговиот партнер, која е Македонка, исто како што се вика и песната.
Каролина сериозно ја потресе смртта на нејзиниот колега и пријател и на социјалните мрежи прикачи фотографија со него, како и видео од нивниот дует.
-Прерано драг Маринко, прерано… Тажен ден. Почивај во мир!, напиша таа.
Маринко зад себе ја остави и поранешната сопруга, актерката Дубравка заедно со нивната ќерка.
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце