Негативната одлука од Брисел може да предизвика дестабилизација
Последиците од недобивањето датум за преговори можат да бидат дестабилизирачки за Македонија. Не е исклучена засилена појава на национализам и радикализам преку антиевропските сили, а бриселкото вето негативно ќе влијае и врз развојот на земјава.
Експертите нема да бидат изненадени, ако сето ова резултира со безбедносни проблеми во земјава.
“Во определен дел од земјава можат да се случат микролокациски безбедносни проблеми, предизвикани од разочарувањето од Брисел и од тој аспект треба сите во Македонија да бидеме чуствителни и да ја следиме ситуацијата...”
Евентуалните безбедносни закани би требало да бидат неутрализирани со нашиот влез во НАТО. Но, според познавачите, процесот на пристапување во политичко - воената алијанса носи и свои ризици.
“При тој процес се јавуваат разни дестабилизирачки фактори, внатрешни и надворешни. Ризиците се нестандардни, преку делување на разни служби, социјални медиуми, сајбер напади...”
Од стандардните закани, според експертите, она што може да ја загрози безбедноста во Македонија и натаму останува мигрантската криза, тероризмот, како и екстремниот национализам изразен преку повратниците од боиштата во Блискиот исток.
-
Горан Симоновски
Сите содржини од овој новинар