Недозволена љубов причина за двојната трагедија во Штип, проштално писмо пронајдено покрај телото на девојката
Двојна трагедија го потресе штипско-карбинскиот регион. Момче и девојка поради недозволена љубов во рок од 24 часа си ги одзедоа животите со бесење. Дваесет и пет годишното момче вчера на локалитетот „Баргала“, а утринава и неговата 21 годишна девојка од селото Аргулица.
Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврдува дека утринава во 9.20 часот полицијата добила повик од Итната медицинска помош за пронајдено женско тело во семејна плевна во селото Аргулица. Извршен е увид на местото, а јавен обвинител наредил и обдукција на починатата девојка.
Мештаните во селото Аргулица се во шок, велат дека ова што се случи е двојна трагедија, за девојката потенцираат дека била мирна и вредна, а постојано им помагала доколку им била потребна медицинска помош, бидејќи работела во штипското Инфективно одделение како медицинска сестра и за време на неколкуте бранова била, какошто велат во првите борбени редови да им помага за пациентите во тешка здравствена состојба.
Момчето и девојката биле во врска, но, како,што велат дел од жителите, не им била дозволена, од едно од семејствата. Покрај телото на девојката утринава е пронајдено и проштално писмо.
Ново на Сител
-
Да не беше Киан ќе се изгубев себеси | Антониа Гиговска | ПРОфесија | Sitel Podcast 037
-
Грчките медиуми за изјавата на Мицкоски: Нова провокација од Северна Македонија
-
Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот