Неделков: Немаме друг избор, знаеме дека под притисок е Владата, но и СОНК е под притисок на членството
Претседателот на СОНК, Јаким Неделков во гостувањето во Тема на денот во Дневникот на Сител вели дека не веруваат дека некој сака да ги измами.
-Сѐ ќе излезе на виделина. И двете страни во две работи се согласуваме дека платите треба да се зголемат и втората работа е дека сакаме што побрзо да се прекине штрајкот. Тоа ни е заедничко во интерес на учениците и родителите. Ова испаѓа дека сме влегле во штрајк со ветување дека ќе имаме зголемување на платите. Ова не е бадијала. Членството ќе одлучи за понатака, рече Неделков после денешната неуспешна средба и преговори со Министерството за образование и наука за прекинување на штрајкот.
Според него, целта е поткрепена со факти.
-Нашите членови беа незадоволни и иницираа ова да се случи. Ние разговаравме и дадовме предлог. Имаше реторика од министерот дека некои од владата не сакаат да се преговара поради овие услови. Знаеме дека под притисок е владата, но и СОНК е под притисок на членството. Работиме во нивен интерес. До утре вечер и петок изутрина да имаме предлог, за да можеме преку викендов да го разгледаме. Немаме друг избор, потенцира Неделков и додава:
-Не сме разговарале за црвени линии. Владата мора да сфати дека сме во незавидна ситуација како Синдикат. Ова не е одлука на раководството. Мора нешто да ни понудат, за да го разгледаме. Очекуваме притисоци и во училиштата.
Ново на Сител
-

Дојави за бомби во два трговски центри во Скопје
-

Поленските алергии го зголемија бројот на пациенти во клиниката „Козле“
-

Со прекуграничен проект се обезбедува нова опрема за итната медицинска помош во Југоистокот
-

100 години ЗОО Скопје
-

Трамп повторно се закани дека ќе го нападне Иран
-

Марш на ангелите во Штип за вистината и правдата
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, екс амбасадор во Бугарија
-

ДДВ-то на дизелот се враќа од 10 на 18%
