Македонија
1. August 2023 - 9:49

Неделен возен ред на автобусите на ЈСП за Илинден, Жичарницата ќе работи до 20 часот


Ве информираме дека утре, среда (02.08.2023 година), поради државниот празник 2 Август – (Илинден), јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, а сите продажни места на ЈСП Скопје ќе бидат затворени.

Жичарницата ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот, при што во период од 19-19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу, се вели во соопштението од ЈСП.

 

ЈСП Скопје