Недела на детски филмови до 15 октомври

Асоцијацијата на филмски дистрибутери АФИДИ Битола од утре до 15 октомври во седум градови низ Македонија ќе организира „Недела на детски филмови“. Ќе бидат прикажани четири филма за деца од 4 до 14 години, дел синхронизирани на македонски и на албански јазик, а дел се со превод на македонски јазик.
Во соработка со дистрибутерските куќи „Узенгија“ и „Катавеј“ избрани се четири од поновата европска продукција: данскиот „Неверојатната приказна за џиновската круша“ и германските филмови „Планинско чудо: Неочекувано пријателство“, „Фантастичното патување на Роби и Тоби“ и „Помош, ја смалив наставничката!“.
Филмовите ќе се прикажуваат во Гостивар, Куманово, Свети Николе, Гевгелија, Радовиш, Кавадарци и Демир Хисар. Проектот е поддржан од Министерството за култура во рамки на манифестацијата „Нов културен бран“.
Ново на Сител
-

Вевчански карневал од 12-14 јануари
-

Преглед на вестите од светот
-

Висок водостој на реките на Истокот, но без опасност од поплави
-

Од утре нов екстремно студен бран во Македонија
-

Филипче: Нема лидерска среда, техничката влада не смее да биде укината
-

На ПМФ ќе се вршат напредни дијагностички анализи кај различни онколошки состојби
-

Последни подготовки за Вевчански карневал
-

Преглед на вестите од светот
