Не се увезува јаглен од Грција кој се декларира како да е од Косово, тврди директорот на ЕСМ
Директорот на „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ), Васко Ковачевски денеска ги демантираше информациите дека фирма која има договор со ТЕЦ „Осломеј“ увезува јаглен од Грција, а го декларира како да е од Косово.
– Што се однесува до набавката на јаглен за РЕК „Осломеј“ имаме актуелни два договора. Еден договор со компанија која снабдува јаглен и го увезува еден дел од Грција и еден дел од рудникот во Берово со вкупни количини од 130 илјади тони. Тој договор е активен од пред Нова година и испораката е при крај. Имаме и нов договор од март со кој економскиот оператор треба да донесе јаглен од Грција за „Осломеј“. Во моментот има испорачано тест количини кои треба да се проверат. Така што најодговорно тврдам дека не се увезува јаглен од Грција, кој се декларира како да е од Косово, рече Ковачевски.
Одговарајќи на новинарски прашања по денешната прес-конференција во Владата, Ковачевски рече дека не се увезува јаглен ниту од Србија.
Ново на Сител
-
Со нож и се заканија на претседателката на Уставен Кацарска
-
Запален службениот автомобил на директорот на Идризово- оштетена и блиската зграда
-
Уставен го одби барањето на судиите да го врати коефициентот за повисоки плати
-
Европскиот фронт најави тужби до Управниот суд и кривични пријави за членовите на ДИК
-
Без средба, само консултации за идното владино коалицирање
-
Следната недела СДСМ ја почнува постапката за избор на ново раководство
-
МЗ како портпарол на Токсикологија со обвинувања за Нико Беќаровски - професорот негира и најави тужба
-
Македонија 2025: Дијаспората сака да помогне, власта нема слух