Македонија
6. September 2019 - 20:33

Не очекува нестабилно и променливо време

Невреме се најавува во Македонија. Од утре ќе има дожд, грмотевици и ветер. Нестабилно и променливо време ќе имаме и од почетокот на идната недела.

Познато е меѓу народот дека кога грми треба да изгаснеме се дома, за да не удри гром, но дали е тоа точно и што треба, а што не треба да исклучиме?

Во Европа, а и кај нас, стандарден напон е 220 волти, а ударот на громот може да ослободи напон од неколку милиони волти. Што значи тоа? Тоа значи дека удар на гром во вашата куќа или во близината, ќе ве остави без електронски апарати кои не можат да ја издржат таа волтажа.

Единствен начин да го спречите тоа е да исклучите се од струја кога грми. И уште една многу важна работа, кога грми ако снема струја, никако не ги уклучувајте уредите веднаш кога ќе се врати. Почекајте неколку минути за да се стабилилизира, па уклучете ги апаратите.

Сепак, за едно нешто не грижете се, громот нема влијание на мобилните уреди, па можете да зборувате на мобилен без страв.