„Не мастурбирај два дена и дојди“- како се станува порно глумец

Ако во западниот свет, особено во САД снимањето на филмовите а возрасни е легален, а актерите имаат обврска да минуваат здравствени контроли, пријавени се и добро платени, на Балканот состојбата е многу поинаква.
Но, на интернет може да се најдат огласи на кои може да се пријавите како актер во некој порно филм.
Српски новинар се прашувал што се е потребно за да се биде порно- актер па завртел на телефонскиот број кај еден од најпознатите режисери на филмовите за возрасни.
- Треба да ми пратите неколку ваши фотографии, висината тежината, контакт телефонот- одговорил човекот кој оставил оглас дека бара порно- атери.
- Мора да додадете дали некогаш сте снимале порно филм, за кого, но и какви филмови би сакале да снимате. Ако одговарате за работата, ќе ве побарам- му одговорил човекот на српскиот новинар кој сакал да ја истражи процедурата.
Доаѓа моментот кога се разговара за парите.
- Тоа се одредува дури откако ќе се сними пробна сцена, да видиме како се тоа изгледа. Многумина зборуваат како се супер, а кога ќе се запалат светата и камерата- ништо, не е тоа- тоа!
Дури на прашањето дали сите актери се тестираат на полно преносливи болести, посочил дека тоа е обврзно.

Новинарот потоа го пренесува искуството на Ненад Стефановиќ, познат во индустријата како Неша Манијак. И тој го имал истото искуство, па продолжува.
- Ме повикаа на пробното снимање и ми порачаа да не мастурбирам два дена заради подобар ефект. Девојката ме воодушеви, беше убава и згодна. Снимањето траеше 15 минути и тоа со фотоапарат. За тоа добив 50 тогашни марки- раскажува Неша.
Продуцентите биле задоволни и по два дена го викнале за второ снимање, по што во 15 годишната кариера има снимено околу 30 филмови за српскиот пазар, додека во странство околу стотина филмови за возрасни.
Новинарот повеќе не се јавил на огласот, но затоа дознал и пренел се за тоа како се станува актер во оваа индустрија.
Ново на Сител
-

Николоски: Со изградбата на коридорите 8 и 10 Македонија ја зацврстува политичката и економска стабилност во регионот
-

61 возач фатен под дејство на алкохол, 14 возеле со над 1,50 промили
-

Вештак на судењето за „Пулс“: Дискотеката имала три влезови и излези, но не за евакуација
-

Ѓорѓиевски: Нов лик, подобри услови и поголема грижа - ЗОО Скопје се менува
-

Приведени осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“
-

Маск: На секое дете во Америка ќе му подарам по една акција од SpaceX – подарок вреден 10 милијарди долари
-

Мицкоски: Цените на храната и пијалоците во Македонија се меѓу најниските во регионот, потврди Евростат
-

Заврши петтото издание на „Wine Vision by Open Balkan“: Белград три дена во знакот на виното, ракијата и гастрономијата
