Македонија
9. March 2021 - 20:15

Не е дека воопшто не се плаќа, се плаќа во многу мал процент, кажа Заев за неплаќањето данок на имот во Арачиново

Не е дека воопшто не се плаќа, се плаќа но многу мал процент, кажа премиерот Зоран Заев во демешната Тема на денот во однос на неплаќањето данок на имот во Арачиново.

- Таму има често израз и на насилство кога се бара да се наплати данокот и треба да се стави ред. Тое е изворен приход на општината и треба тоа да го направи. Општината никогаш не се развивала вака, како што од 2017-тата се развива, но за жал со државните пари.

Според премиерот во градските општини многу полесно се наплаќа данокот отколку во руралните.

- Јас апелирам до граѓаните, тоа не се многу пари, еднаш годишно се плаќа, да си ги плаќаат давачките и кон државата, а и кон општините, рече Заев.